Македонија меѓу трите европски земји со најевтинo гориво

Најновата анализа во која се опфатени цените на горивата во 43 европски земји вклучително и Израел, покажува дека Македонија има едни од најниските цени на горива споредено со сите европски земји и најниски цени во регионот, пишува „Курир“.

Во Европа, највисока цена за Еуросупер 95 плаќаат жителите на Холандија 103.25 денари за литар, додека пак во Македонија литар бензин чини 67 денари.
Во Европа, највисока цена за Еуросупер 95 плаќаат жителите на Холандија 103.25 денари за литар, додека пак во Македонија литар бензин чини 67 денари.

Во Европа, највисока цена за Еуросупер 95 плаќаат жителите на Холандија 103.25 денари за литар, додека пак во Македонија литар бензин чини 67 денари. Единствено поевтини цени за литар бензин од Македонија имаат Украина 53.19 и Русија 31.48 денари за литар бензин.

Најскап литар Еуродизел ги чини жителите на Велика Британија 96.92 денари за литар нафта, а пак жителите на Македонија плаќаат само 51 денар за литар нафта. Повторно пониски цени од Македонците плаќаат жителите на Украина 45.87 денари и Русија 29.82 денари за литар нафта.

Во регионот граѓаните на Македонија убедливо плаќаат најниски цени за горива. Највисока цена за литар бензин се плаќа во Грција 94.03 денари, додека пак највисока цена за литар нафта се плаќа во Албанија 81.48 денари. Нешто повеќе од Македонците, плаќаат жителите на БиХ, литар нафта се продава за 66.05 денари, а литар бензин за 67.58 денари.

Дополнително, потрошувачката на гориво во пограничните градови во Македонија е зголемена поради ниската цена. Голем број граѓани од земјите од соседството доаѓаат во Македонија да наполнат гориво. Најкарактеристичен пример е Дебар, каде гориво полнат голем број жители на Албанија, според кои нафтата во Македонија е поевтина и бензинот поквалитетен.

Во прилог можете да ја погледнете табелата со цените од сите 43 земји изразени во денари.

tabela-goriva1

tabela-goriva

Цените се објавени на http://www.fuel-prices-europe.info/

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.