Македонија

Македонија на 31 место на листата на „Форбс“ за најдобри земји во светот за бизнис

Македонија на 31 место на листата на „Форбс“ за најдобри земји во светот за бизнис

Престижниот финансиски магазин „Форбс“, на својата интернет страница, објави извештај за најдобрите земји за водење бизнис.

Македонија оваа година е рангирана на 31 место меѓу 146 земји, што претставува подбрување од 5 места во однос на 2013 година, кога нашата земја се најде 36-то место и подобрување од шест места во однос на 2012 година.

Магазинот секоја година ја составува листата според неколку критериуми, односно според остварените резултати на земјите во поглед на сопственичките права, иновациите, даночното оптоварување, технологијата, корупцијата, слободата (лична, трговска и монетарна), бирократијата, заштитата на инвеститорите и ефикасноста на пазарот на хартии од вредност.

Од земјите во регионот, подобро рангирана од Македонија е само Словенија на 14. место. Зад нашата земја се Бугарија на 42. место, Црна Гора на 48, Хрватска на 46, Грција на 51, Турција на 50, Албанија 51 место. Во втората половина на листата се Босна и Херцеговина и Србија, кои го делат 84-то место.

macedonia

Македонија најдобри резултати постигнала во бирократските процедури, за што е рангирана на 3. место, во монетарна слобода се наоѓа на 6. позиција, а во заштитата на инвеститорите е ставена на 21. место. Во однос на даночното оптоварување Македонија е рангирана на 7-то место, пазарни перформанси на 17-то место, трговска слобода на 41-то место, додека за технологија на 61 место.

– Откако стекна независност во 1991 година, Македонија направи значаен напредок во однос на либерализација на економијата и подобрување на бизнис климата и го поттикна Балканот да привлекува странски инвестиции. Невработеноста се уште е висока и изнесува над 30% од 2008 година, но поради состојбата на „црниот пазар“, кој придонесува за 20%-45% од БДП, бројката веројатно е помала, стои во описот на „Форбс“ за Македонија.

Нагласено е дека македонската економија е блиско поврзана со Европа во полето на извозот, а поради долготрајната слабост во еврозоната економијата страдала.

-Македонија ја одржа макроекономската стабилност за време на глобалната финансиска криза, со спроведување на монетарна политика, одржувајќи ја домашната валута и лимитирање на фискалниот дефицит. Владата ја ослободува фискалната политика, а буџетскиот дефицит во 2013 година достигна 4.2% од БДП. Македонија достигна скромен раст на БДП во 2013 година, а инфлацијата е под контрола, наведено е во описот.

countries

Најдобра земја за бизнис годинава е Данска, по што следуваат Хонг Kонг, Нов Зеланд, Ирска, Шведска, Канада, Норвешка, Сингапур, Швајцарија и Финска.