Македонија на 67-мо место според индексот на корупција, скок за две места

Од земјите во регионот пред Македонија се Словенија на 43-тото, Турција на 53-тото и Хрватска на 57-мо место. Македонија го дели 67-то место со Црна Гора. Зад нас се Босна и Херцеговина и Србија на 72. место, Бугарија е пет позиции подолу, додека Грција е 80-та, Косово 111, а Албанија е на 116-то место.

Од вкупно 177 држави, најниско ниво на корупција има во Данска, Нов Зеланд и Финска, додека најкорумпирани се Авганистан, Северна Кореја и Сомалија.

ТИ наведува дека ниту една земја во светот нема совршен резултат во борбата со корупцијата. К орупцијата останува сериозен проблем во светот. Па, Ти апелира да бидат преземени глобални мерки против неа и појавите што ја поттикнуваат како што се перењето пари, нелегалното политичко финансирање и нетранспарентно работење на државните институции.

Индексот за перцепцијата на корупцијата се мери со скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде што корупција е најмалку застапена, додека 0 добиваат најкорумпираните.