Македонија на дното на Европа и регионот по раст на БДП

Според најновите податоци на Државен завод за статистика Македонија во првиот квартал има раст на БДП само од 0,1 %. Ова е катастрофално лош резултат ако се земе во предвид фалењето на владата за новите проекти и секако фактот дека цел регион и Европа доживуваат бум на економски план.

Така Македонија споредена со другите земји и според податоците од Еуростат   пак е на дното кога станува збор за раст на економијата. И додека целокупниот регион расте македонската економија стагнира и не ги користи позитивните трендови кои се случуваaт моментално во светот. Така според податоците на Еуростат растот во q1 2018 година во Србија изнесува 4,6%, во Бугарија 3,5%, Чешка Република 3,7% Естонија 3.6%, Полска 5.1%, Словенија 4.6%, Унгарија 4.4% односно Република Македонија со остварените 0.1% се наоѓа на последно место во Европа.

И додека целокупниот регион расте на економски план Македонија тапка во место. Експертите предупредуваат дека со вака слаб ангажман и реализација на БДП во првиот квартал  економијата нема добри изгледи за 2018. Владата даваше ветувања дека ќе ја унапреди економијата и дека ќе го зголеми стандардот на граѓаните но ништо од ова не се реализираше. Напротив, Македонија од лидер во економијата и висок раст на БДП и во моменти на економска криза станува последна во регионот и Европа.