Македонија на удар на циклонот Викторија, ќе врне дожд и снег

Македонија денеска ќе биде на удар на циклонот Викторија. Не очекува променливо облачно попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините снег.

Доцна попладне на повеќе места врнежите ќе се интензивираат па наместа ќе наврнат над 30 л/м2, особено во западните и јужните предели.

На планините ќе се формира нова снежна покривка, наместа и над 20 цм нов снег.

Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 5 до 12 степени.