Македонија на удар на студен бран

Студен бран следните денови ќе ја зафати Македонија, a температурите ќе паднат и до -15 Целзиусови степени.

Под влијание на значително постудена воздушна маса која веќе започна да се спушта од северните географски широчини во следните денови ќе услови значително пониски температури на воздухот.

Многу студено ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи со исклучок на вторник попладне и навечер кога има услови за слаб локален снег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.