Македонија најконкурентна во регионот

Во најновиот извештај на Светскиот економски форум Македонија е на 63 место на листата на конкуреноста.

Ова претставува искачување за 10 места во однос на претходната година кога беше рангирана како 73-ма.

Од земјите во регионот Црна Гора е на 67 место, Словенија на 70 место, Хрватска на 77, Грција 81, Србија 94 и Албанија на 97 место.

Според извештајот на Светскиот економнски форум за 2014-2015 , индексот на конкуреност на Македонија изнесува 4,26 на скалата од 1 до 7.

Најконкурентна од 144 рангирани земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, САД, Финска, Германија, Јапонија, Хонг Конг, Холандија, Велика Британија и Шведска.