Македонија

Македонија не го изгубила правото на глас во ОН, долгот е платен

Македонија не го изгубила правото на глас во ОН, долгот е платен

Македонското Министерството за надворешни работи соопшти дека долгот кон Обединетите Нации бил подмирен и дека Македонија не го изгубила правото на глас во светската организација. А, наскоро тоа ќе биде нотирано во ОН.

– Имавме две недели рок да платиме. Во однос на плаќањето на членарината кон ОН, неопходниот износ е подмирен и тоа во скоро ќе биде нотирано во ОН, велат од МНР.

Информацијата за заостанат долг на Македонија, од 24.606 американски долари, ОН ја објавија на нивната веб страница, и поради тоа земјава останала без право на глас во организацијата.

Покрај Македонија, во листата се наведени Коморските Острови, Гренада, Гвинеја Бисао, Киргистан, Либерија, Маршалските Острови, Руанда, Сао Томе и Принципе, Сомалија, Тонго, Вануату и Јемен.