Магазин

Македонија не се пласираше во големото финале на Евровизија

Македонија не се пласираше во големото финале на Евровизија

Даниел Кајмакоски со „Autumn Leaves“ не се пласираше во големото финале за 60-тата Евровизија во Виена, по синоќешниот настап на првото полуфинале во кое се натпреваруваа 16 земји.

По пат на телевоутинг беа избрани десет: Ерменија, Белгија, Грција, Естонија, Србија, Унгарија Русија, Албанија, Романија и Грузија, кои остануваат во изборот на најдобра песна во Европа.

Втората полуфинална вечер е утре кога ќе бидат избрани уште десет земји кои ќе се придружат во финалето на 23 мај во концертната сала Штадхале.

Покрај 20-те композиции од двете полуфинални вечери, во финалето се и земјите со право за директен влез, т.н. петорка: Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија, земјата-домаќин Австрија, а првпат оваа година ќе учествува и Австралија.