Македонија носител во квалификациите за ЕП 2020

Македонија за прв пат ќе биде носителите на претстојната ждрепка за квалификациите за ЕП 2020, објави денеска ЕХФ, што е резултат на конинуирано добрите резултати и учествата на големите натпреварувања.

Извлекувањето на групите е закажано за 12 април во Трондхајм, а Македонија ќе ја има честа да се најде во првиот шешир, рамо до рамо со репрезентациите од самата европска елита.

Европското првенство во 2020 година ќе се оджи во Шведска, Авсстрија и во Норвешка, а директен пласман има и актуелниот европски првак Шпанија.

Ова практично значи дека „црвено-жолтите“ нема да можат да се сретнат со најдобрите европски селекции, што пак широко им ги отвора вратите за пласман на следниот континентален собир, што од 2020 година за првпат ќе брои 24 селекции.

Согласно пропозициите, пласман на ЕП ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја група, како и четирит најдобри третопласирани национални селекции.

ШЕШИР 1: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Македонија.

ШЕШИР 2: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија, Португалија.

ШЕШИР 3: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција.

ШЕШИР 4: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Коово, Фарски Острови.