сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Македонија и Обединетото Кралство продолжуваат со воената соработка

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска се сретна со директорот за меѓународна безбедносна политика во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство Ник Гур.

99513544

Поврзани вести

На средбата, како што информира Министерството за одбрана, Јолевски и Гур разговарале за состојбата за глобалните безбедносни предизвици. Јолевски истакнал дека Република Македонија и АРМ се цврста алка во синџирот на одржување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко, а доказ за тоа, како што се наведува во соопштението, се мировните мисии на кои сме посветени и хуманиот пристап во справувањето со мигрантската криза.

Гур ги поздравил напорите на Македонија и Армијата на Република Македонија за влез во НАТО, за модернизацијата на Армијата и истакнал дека значењето на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици е високо вреднувано.

Јолевски и Гур се согласиле дека нивото на соработка меѓу двете министерства е на високо ниво и оти треба да продолжи во нагорна линија. Тие порачале дека од големо значење е и потпишувањето на комуникето од Лондон за мировните мисии на Обединетите Нации.

Гур истакнал дека Велика Британија останува поддржувач на аспирациите на Македонија за влез во НАТО и е определена да ги поддржи реформите во одбраната и јакнењето на одбранбените капацитети на АРМ.

Најчитани вести