Македонија

Македонија од денеска претседател на ЦЕИ

Македонија од денеска претседател на ЦЕИ

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денес беше домаќин на првата работна средба на Националните Координатори на ЦЕИ.

Министерот Никола Попоски ја отвори средбата со поздравен говор, при што ги претстави приоритетите на македонското претседавање.

„Прв приоритет е евроинтеграцијата на целиот регион. ЦЕИ брои десет земји членки на ЕУ и осум кои целат да бидат дел од европското семејство. Тука има многу простор за соработка. Втор приоритет, тесно поврзан со првиот, е поврзаноста: особено на макрорегионите во ЦЕИ помеѓу себе, како и со другите соседни макро-региони во Европската унија. Трет приоритет е повторно заживување на бизнис димензијата како клучен аспект на соработка внатре во регионот“, рече министерот.

На крај, министерот Попоски додека дека македонското претседателство во потполност ќе ја исполни мисијата на ЦЕИ: Европска интеграција преку регионална соработка.