Македонија од денеска во жолта фаза

Македонија од денеска ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека станува збор за температури до 37 степени кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.

За денеска хидрометеоролозите најавуваат сончево време со мала доумерена облачност, а во западните делови можна е изолирана појава на краткотрен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб доумерен ветер од југозападен правец. Утринската температура до 15, а дневната до 35 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.