Спорт

Македонија од третиот шешир ќе ги чека своите противници за ЕП 2016

Македонија од третиот шешир ќе ги чека своите противници за ЕП 2016

Во петок во Краков (Полска) ќе се одржи ждрепка по која ќе бидат познати и групите за ЕП 2016 во Полска, а македонската ракометна репрезентација ќе се најде во третиот шешир.

Веднаш по завршувањето на квалификациите, ЕХФ го објави изгледот на шеширите. Домаќинот Полска, како и репрезентациите кои беа први во своите групи се најдоа во првите два шешира, додека второпласираните селекции и најдобрата трета, Црна Гора се најдоа во третиот и четвртиот барабан.

Во третиот шешир, заедно со нашата репрезентација се наоѓаат и Русија, Германија и Белорусија, што значи дека со овие земји нема да играме во групната фаза.

ШЕШИР 1: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска.

ШЕШИР 2: Исланд, Полска, Шведска, Унгарија.

ШЕШИР 3: Русија, Македонија, Германија, Белорусија.

ШЕШИР 4:
Србија, Норвешка, Словенија, Црна Гора.