Македонија одбележа 20 години дипломатски односи со 19 држави

На свеченоста присуствуваа претставници од државниот врв, дипломатскиот кор и бизнис-заедницата во државата, а доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Романија Јустиниан Фошка истакна дека ова беше богат дипломатски пат со многу цели и активности.

Покрај економската и безбедносната соработка ги поддржуваме и стратегиските цели, ЕУ и НАТО, а нивната реализација, ќе ја осигура безбедноста на целиот регион и на Европа. На регионот му треба стабилност, просперитет политичка и економска соработка, добрососедски односи и зголемена регионална соработка. Секој политички актер треба да знае дека европските принципи и стандарди како доброто владеење, владеење на правото, функционалната демократија и политичкиот дијалог се принципи и вредности врз кои се темели Европа. Ова е нова политичка реалност во регионот која подразбира преземање одговорни политички чекори, порача Фошка.

Република Македонија денес одбележа две децении дипломатски односи со: Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија,  Естонија, Антигва и Барбуда, Иран, Либиja, Украина, Сингапур, Казахстан, Монголија, Азребејџан, Литванија, САД, Грција, Австралија, Израел и Оман.

Македонија како домаќин, но и земјите на јубилејот се претставија со гурмански специјалитети со кои ги доловија вкусовите и мирисите карактеристични за нивните земји.