Македонија остана на 80. место

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 80.место на најновата ФИФА ранг листа, која е објавена денеска.

Нашиот национален тим со 443 бода остана без промени на рејтингот на листата, на која од селекциите кои се во нашата група во квалификациите за ЕП 2016, Шпанија и натаму е водечка на врвот, Украина без промени е на 17. место, Словачка е на 46. место, Белорусија е три позиции послаборангирана од нас а Луксембург е на 112-та позиција.

Веднаш зад Шпанија се репрезентациите на Германија и Португалија. Домаќинот на СП 2014, Бразил е на четвртото место, напредувајќи за две позиции, а во Топ 10 понатаму следат Колумбија, Уругвај, Аргентина, Швајцарија, Италија и Грција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.