Македонија останува посветена во делот на реформите и креирањето на поволна бизнис-клима

Вицепремиерот за евкономски прашања Владимир Пешевски, кој беше во составот на делегацијата, истакна дека во однос на финансиските средства, она што се обидува ЕК да го направи е како стимуланс да даде грантови за конкретни проекти, но вели, потребо е паралелно со тие грантови државите да спроведат одреден сет на реформи, а и самата проектна документација да биде подготвена на соодветно ниво.

– Како што е познато, уште во Берлин првиот проект што реално и беше одoбрен и добива грант-средства од оваа програма е проектот каде што учествува и Република Макеоднија, а тоа се средства во износ од 12 милиони евра за изградба на далековод кон Албанија. Тој проект ќе почне да се реализира наскоро. Ние предлагавме и други проекти што засега не се влезени во агендата, но сепак средствата од грантот што е наменет за програмата за Западен Балкан се во многу мал износ алоцирани, рече Пешевски.

Тој оцени дека овој процес нема да заврши догодина во Рим, каде е следниот состанок, туку можеби ќе се провлече уште неколку години.

– Тоа е и една од иницијативите што ние ја предложивме на овој Самит, да уште едно 20-тина проекти добијат донорски средства, а веројатно и износот, барем тоа беше пораката на комесарот Јоханес Хан, дека ако се предложат соодветни квалитетни проекти, подготвени на соодветно ниво и државите продолжат со реформите, ќе се најдат дополнителни средства, на страна од оние што се ИПА-средства, рече вицепремиерот Пешевски.

Тој нагласи дека Македонија останува посветена во делот на реформите и креирањето на поволна бизнис-клима, поврзувањето со сoседните држави, како една од целите на Берлинскиот процес во делот на транспортната мрежа, но и во делот на креирање на заеднички пазар на електрична енергија. Таа идеја во Берлин, посочи тој дошла од токму од наша страна, а енергетската заедница ја прифати и денес е една од главните мотиви на оваа конференција на која сега сите држави рбатоат.

Во делот на олеснување со трговијата, рече, ние веќе потпишавме одредени договори за олеснување со Република Србија, а преминот Табановце е одбран како заендички граничен премин. Но вели, не е доволно само квлаитетна транспортна мрежа и завршени коридори туку завршување на реформите со крајна цел, влез во ЕУ и пoдобрување на животнито стандард на сите.

Во однос на политичкито дел од Самитот вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски истакна дека најзначајниот сигнал беше дека во моменти во кои Велика Британија одлучува да ја напушти ЕУ, двете движечки сили во самата Европска унија, а тоа се Франција и Германија, упатуваат силен сигнал дека сите ветувања во поглед на целосна интеграција на Балканот во Европската унија остануваат и се на маса и нема поместување во тој дел.

– За тие оние што во меѓувреме заборавиле колкава е цената на оставање на Балканот надвор од ЕУ како што можеше да се потврди во текот на кризите и воените дејствија во 90-тите години на минатиот век, мигрантската криза веројатно беше еден добар потсетник. Тема на која многу јaсно беше дека ЕУ мора да сорбаотува со земјите од регионот и дека најдобар и најевтин начин да се обезбеди сигурна, безбедна и мирна Европа е преку нитеграција на Балканот во рамки на Европската унија, рече Поповски.

Очекува дека овој тип на соработка ќе продолжи во следниот период и оти е јасно дека без германска и француска поддршка сите овие рбаоти би биле ставени под знак прашалник.

– Во изминатиот период, мислам дека повеќе се втемели една перцепција дека најкарактеристичен извоз за Балканот е извозот на проблеми. Но, ние во изминатиот период докажавме дека од една страна можеме да бидеме регион што најбрзо расте во рамки на европскиот континент и регионот од кој зависи и самата стабилност, безбендост, сигурност и просперитет во Европската унија. Мислам дека и со ризиците со кои се соочува ЕУ во доменот на радикализација и во делот на мигрантската криза, како и во делот на потребата од поголема конкурентност на европскиот континент, Балканот е фактор што придонесува за поголема стабилност и поголем успех. Ова мора да биде изразено и преку одлуките што се носат и во Европската комисија и на Советот, рече шефот на дипломатијата.

Според него, останува клучното прашање, а тоа е отстранување на билатералните блокади, особено кога доаѓаат од земји-членки на ЕУ.

– Тука, Хрватска и Србија денес испратија јасна порака дека ги оставаат зад себе билатералните прашања што ќе се решаваат во процесот на преговори. Србија ќе води преговори со Европската унија. Можеби овој сигнал требеа да биде примен и од оние што се дел од Европската унија, а во минатото го попречувале македонскиот напредк кон ЕУ-интеграцијата, да се обидеме да овозможиме процесот за пристапување кон ЕУ да биде метод преку кој ќе ги надминуваме билатералните прашања, рече Попоски.

Од денешниот Париски самит како што истакна претседателот Оланд, земјите од Западен балкан се обврзаа на колективен акциски план за интензицирање на трговскиот раст и транспортното поврзување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.