Македонија падна на 105-та позиција според ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од пет позиции на најновото рангирање на ФИФА и по поразот од Словачка сега се наоѓа на 105-та позиција. Нашата селекција има 311 поени.

Од ривалите во нашата квалификациска група, некогаш неприкосновената Шпанија сега веќе не е ни меѓу првите десет селекции и се наоѓа на 11-то место, Словачка скокна две позиции и се најде на 15-то место, а голем скок има и Украина, која се искачи дури осум места и сега е на 27-то позиција.

Репрезентацијата на Белорусија има голем пад и стигна до 100-то позиција, додека Луксембург се наоѓа на 146-то место.

На врвот на листата на ФИФА сега е Аргентина, пред Германија и Белгија, а во првата „десетка“ се Колумбија, Холандија, Бразил, Португалија, Романија, Англија и Велс.