Спорт

Македонија по заверка на пласманот на СП во Катар

Македонија по заверка на пласманот на СП во Катар

Македонската ракометна репрезентација денеска во (20.00 часот) во СЦ “Борис Трајковски” ќе го одигра реванш од бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар во 2015 година , против Грција. На првиот натпревар во Атина , „црвено – жолтите” славеа со 27:25, што им дава реални шанси да се пласираат на Мундијалот, наредната година.
„Во однос на првиот натпревар треба да се смени само пристапот, ништо друго. Не стануваше збор за некое тактичко изненадување, или пак скриено оружје на противникот, едноставно разликата меѓу нас и Грција е можеби две класи, но мора да има вистински пристап во мечот за тоа да се потврди на терен. Токму на тоа се фокусиравме во овие неколку дена, да одиграме онака како што знаеме, се надевам пред полна сала и на крајот да се радуваме заедно со верните навивачи. Тоа е желбата на сите нас“, изјави средниот бек Филип Миркуловски.