Македонија

Македонија победник на Светскиот шампионат во јадење луто

Македонија победник на Светскиот шампионат во јадење луто

Македонија е победник во Светскиот шампионат во издржливост во јадење луто во Берлин.На натпреварот учествувале 15 храбри натпреварувачи од 9 земји, а истиот се одржал во саботата.

Победникот Стефан Кан кој ја претставувал Македонија триумфирал како светски шампион во јадење чили. Втората нафрада ја освои Германија а третата Полска.

-Жештината во устата, тоа можам да го толерирам.Стомакот е тој што се затвора многу брзо – изјавил Стефан по победата.

Натпреварувачите јаделе сос од кари започнувајќи со 10.000 Сковили (единица мерка за мерење лутина на пиперки), а завршиле со 7,7 милиони Сковили кој е, всушност, резултатот на победникот Стефан Кен.