Македонија покажа заби, но не успеа да ја победи Германија

Македонската женска ракометна репрезентација е поразена во првиот од двата квалификациски натпревари со Германија за пласман на Европското првенство во Хрватска и Унгарија во декември годинав. „Црвено – жолтите“ на домашен терен во СРЦ „Кале” се поразени од Германките со 23:21

Македонија одлично го отвори натпреварот и по 13 минути игра имаше предност од 5:1, додека во 18 минута водевме со 8:2. Но , до крајот на полувремето гостите успеаја да ја намалат негативата на два гола (11:9)

Германките успеаа да изедначат на почетокот од второт полувреме на 11:11, а прв пат да поведат дури во 45 минута (16:15). Од овој момент Германија искусно ја одржуваше позитивата која достигна и до четири голови, што беше доволно да прокнижат два бода од гостувањето во Скопје.

Најефкасна во македонскиот тим на овој натпревар беше Десподовска со 8 голови, додека кај Германките се истакна Милер со 6 голови.

Со овој пораз Македонија ги загуби шансите за пласман на првенството, бидејки на едно коло до крајот на квалификациите се без бодови во седмата квалигикациска група од каде на завршницата на континенталниот собир ќе патуваат Русија и Германија.