Македонија попладнево во нов дуел со Франција

Македонската ракометна репрезентација попладнево во Тулуз ќе одигра уште еден натпревар против светскиот, европски и олимписки шампион Франција. И овој дуел е од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016.

На првата средба одиграна во Скопје, триумфираа „триколорите“ со 25-27.

По вчерашниот триумф на Чешка над Швајцарија (29-25), Чесите имаат пет бода и се наоѓаат пред Македонија која има 3, а зад Франција која има 6  бода на табелата.

Селекторот на Франција Клод Онеста на местото на повредените Ксавиер Бараше и Вилијам Акрамбе во составот за денешниот дуел ќе смета и на Даниел Нарцис, кој беше во Скопје но поради повреда не играше.

Натпреварите од 4. коло во седумте групи започнаа вчера, а пласман на ЕП веќе обезбедија Унгарија и финалистот од последното ЕП Данска.