Спорт

Македонија поразена и од Исланд

Македонија поразена и од Исланд

Ракометната репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во Групата 1 на Европското првенство во Дансака со што ги загуби шансите за одбрана на петтото место освоено пред две години во Србија. Избраниците на селекторот Ивица Обрван, по поразот од Унгарија, загубија и од Исланд со 29:27.
Црвено – жолтите одлично го отворија натпреварот со серија од 4:0, меѓутоа Исланд не дозволи да ја зголемиме предноста и до 20 минута успеаја да стигнат до израмнување, а на полувремето да заминат И со предност од три гола 14:11.
Одлично го отворивме и второто полувреме, со серија од (3:1), успеавме да го израмниме резултатот (15:15), но не и да поведеме. Противникот го контролираше резултатот, а ние грешевме во клучните моменти. Во вторите 30 минути Исланд успеа да се одлепи и на четири голови предност, но не и да влезе во мирна завршница. Ние се вративме во натпреварот, успеавме да ја анулираме негативата на еден разлика (26:27), но не и да израмниме. Иако имавме шанса за бод, не ја искористивме, по што Исланѓаните само ја заверија победата.
Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот Кире Лазаров со 7 голови, пред Ѓорѓиевски и Манасков кои по пет пати ја затресоа противничката мрежа. Кај противникот најефикасен беше Сигурдсон со 6 голови