Македонија поразена од Белорусија

Иако очекувавме трумф, ракометарите од нашата ракометна репрезентација доживеаја пораз во натпреварот против Белорусија. За понатамошен пласман ни останува само да навиваме против Норвешка и да се надеваме дека таа репрезентација нема да влезе во финалето.

Денешниот натпревар заврши со резултат 29-30, со што практично се заокружи вториот најслаб настап на Македонија на Европските првенства , со оглед на фактот дека ова е прв пат по дебито во 1998 година нашиот национален тим да не забележи ниту еден триумф на еден континентален собир.

Кире Лазаров постигна 10 гола од 19 обиди, Манасков постигна четири, а Ѓорѓиевски три гола за едно полувреме, исто толку пати меѓу стрелците се запиша и Прибак.

Најдобар поединец во нашите редови беше Борко Ристовски, но неговите 16 интервенции сепак не беа недоволни за да се избегне пораз.

Со овој пораз, Македонија го освои последното место во групата и се најде на 11. позиција во генералниот пласман на овој европски шампионат, пред Унгарија, која загуби во последната пресметка со Шведска во рамките од групата 2.

За понатамошен пласман ни останува само да навиваме против Норвешка и да се надеваме дека таа репрезентација нема да влезе во финалето.