Спорт

Македонија поразена од Кина

Македонија поразена од Кина

Фудбалската репрезентација на Македонија, составена речиси целосно од играчи од домашниот шампионат е поразена од Кина во првиот од двата контролни натпревари на гостински терен. Составот на Македонија одиграл квалитетно прво полувреме, Баже Илијоски ја имал најдобрата шанса да го отвори резултатот, но не успеал да погоди во 40. минута.

По десет минути во второто полувреме, Кина преку Ју Ханчао постигна погодок за 1:0 откако претходно Најденов загуби топка во опасната зона. Домаќинот вториот гол во мрежата на Наумовски го даде во 89. минута, по ударот на Џао Ди од работ на шеснаесетникот. Во последните десетина минути Ѓуровски промени шест играчи во тимот.

Македонија натпреварот во Шенјанг го започна со следните фудбалери: Наумовски Кристијан, Дамчевски Александар, Цуцули Ардиан, Најденов Бојан, Лена Нијас, Велковски Дарко, Илиоски Баже, Љамчевски Благоја, Сиљановски Горан, Тодоровски Благоја и Аврамовски Даниел.
Вториот меѓусебен дуел помеѓу репрезентаците на Македонија и Кина ќе се одигра на 22. јуни во Јинан.