Македонија поразена во Црна Гора, в сабота на поправен против Хрватска

Женската ракометна репрезентација поразена во Црна Гора

Никој не ни помисли дека на гостувањето кај поранешниот континентален првак Црна Гора може да се направи сензација со подмладениот состав, иако факт е дека и нашите млади ракометарки одиграа доста солидно против големиот фаворит.

Јасно е дека засега Македонија не е конкурентна селекција, но според прикажаното надеж за македонскиот женски репрезентативен ракомет постои.

Во второто квалификациско коло, в сабота, нашата репрезентација во “Кале” ќе ја пречека Хрватска и ќе се обиде, пред домашните навивачи, да направи изненадување.