Македонија потенцијален кандидат за домаќин на ЕП во борење во 2017 година

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска во Скопје оствари средба со Теодорос Хамакос, претставникот на Европската боречка федерација (UWW)  на која стана збор за кандидатурата на Македонија за домаќин на Еворпското кадетско првенство во борење 2017 година.

Директорот Спасески го запозна Хамакос со можностите и условите за одржување меѓународни натпреварувања во Македонија, како дека до сега биле одржани голем број успешни европски и светски првенства во Македонија.

Хамакос го информираше Спасески дека бил задоволен од тоа што му било презентирано во делот на сместувачките капацитети, спортските сали и транспортот на спортистите. Исто така, имаше пофални зборови за Спортскиот центар „Борис Трајковски” каде евентуално би се одржало европското кадетско првенство.

Средба АМС

Хамакос беше придружуван од претседателот на Македонската боречка федерација Ванчо Чифлиганец, генералниот секретар Љупчо Лазаревски, поранешниот селектор Насе Насев и претседателот на стручниот совет при БФМ Трајче Димков.