Македонија потпиша спогодбата за Балкански медицински сили

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски ја потпиша спогодбата за Балканските медицински сили.

Република Македонија е всушност првата земја која ја потпиша спогодбата, со што се потврди и определбата на нашата земја, но и на Министерството и армијата на Република Македонија за поблиска регионална соработка на сите полиња.

-Со тоа ние ќе овозможиме и нашиот регион да биде побезбеден и попросперитетен, рече министерот Јолевски на потпишувањето, во присуство на одбранбеното аташе на Кралството Норвешка кое е иницијатор на севкупниот проект.

jolevski-potpisuva-2-500

Балканските медицински сили чие седиште е во Република Македонија, имаат за цел да ги подобрат и дополнително зајакнат националните и регионалните  воени медицински капацитети за поддршка на цивилната заедница, како и да ја зајакнат интероперабилноста на регионот со Обединетите Нации, НАТО и Европската Унија на ова поле.

Од регионот, во Балканските медицински сили освен Република Македонија, вклучени се и Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора, со поддршка од Кралството Норвешка и Соединетите Американски Држави.

Проектот е дел и од концептот за „паметна одбрана“ имајќи предвид дека вклучува специфични капацитети од земјите од регионот, кои ќе бидат достапни за тие земји, но и во рамките на некое идно можно заедничко учество во меѓународни мировни мисии.