Македонија повторно го совлада Израел со 42:32

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на вториот пријателски меч против Израел со 42:32.

Овој резултатот бил во регуларниот дел од затворениот натпревар, а потоа биле одиграни дополнителни 20 минути во кои повторно Македонија славела со 11:9.

Дејан Манасков бил најефикасен во нашиот состав со 7 погодоци, еден помалку имал Кире Лазаров, а Златко Мојсовски постигнал четири.