Mакедонија повторно под магла, аеродромот останува затворен, намалена видливоста на повеќе патни правци

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ поради магла денеска е затворен за сообраќај и во текот на денот немаше реализиран лет.

Според распоредот на веб-страницата на аеродромот, сите планирани слетувања и полетувања се или откажани или се пренасочени на аеродромите во Приштина, Софија и во Белград.

Патниот сообраќај, пак, на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија попладнево се одвива тековно, некаде по влажни коловози, соопшти ЈП „Македонијапат“.

На повеќе места има магла и видливоста е намалена. Од 50 до 100 метри видливост, според извештајот на „Македонијапат“, има на патните правци Куманово – Крива Паланка, Скопје – Велес, Куманово – Скопје, видливост од 100 метри има на патот Кочани – Виница, од 50 метри на правците Тетово – Попова Шапка, Прилеп – Градско и кај Ресен, 30-50 метри на патот Штип – Неготино и Велес – Неготино, видливост меѓу 20 и 30 метри има на патните правци Куманово – Свети Николе, Тетово – Гостивар и кај Битола, 30 метри на Штип – Велес и Штип – Радовиш и од 10 до 15 метри на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Јажинце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.