Македонија повтороно ја преслуша Австрија, на ред е Данска

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација и во вториот натпревар на гостински терен во Грац во рамките на Евролигта ја совлада Австрија со 24:26, 25:23, 25:19 и 25:23.

Македонската репрезентација во рамките на својата група, наредниот период ќе игра натпревари и со Данска, Турција и Словенија, а првите две селекции ќе се пласираат на фајнл-фор турнирот.
Следниот викенд, Македонија ја пречекува селекцијата на Данска на два натпревари кои ќе се играат во Струмица.