Македонија претставена на Конференција за активен туризам во Лондон

лондон

Како што информира Агенцијата, на конференцијата особен интерес, побудиле планинско-велосипедските патеки и европската пешачка патека во источниот дел на Македонија, како и винскиот пат и ено културата.

Од Агенцијата наведуваат дека најава за посета има од еден од најпознатите тур-оператори за организирање патувања на туристи (50+) во Македонија, што ќе биде организирана и за специјализираната компанија за див живот, која ќе ја понуди Македонија како нова дестинација за набљудување птици.

Интерес за состанок со претставници на Агенцијата покажале 13 британски тур-оператори кои ќе ја вклучат Македонија во своите програми веќе од ова лето.

Директорката на Агенцијата Лела Крстевска, рече дека особено значајно е што на средбите биле тур-оператори кои изразиле интерес во Македонија да носат туристи директно, во непосреден контакт со македонски агенти, а не со посредство на агенции од соседството, како што беше случај до сега.

– Фактот дека Лондон и Скопје се директно поврзани градови со летовите на Визз Аир е од особено значење за овој вид на туризам, изјави Крстевска.

Од Агенцијата посочуваат дека активниот туризам во Македонија станува се поактрактивен и експлоатиран, особено после одржувањето на Регионалната конференција во мај минатата година во Охрид, каде 300 делегати имаа можност да се запознаат со убавините на Македонија.