Македонија,Економија

Македонија претставена на најголемиот автомобилски настан во Северна Америка

Македонија претставена на најголемиот  автомобилски настан во Северна Америка

Директорот на  ТИРЗ, Виктор Мизо заедно со Генералниот Конзул во Детроит, Елена Зарковска  и економскиот промотор  во САД, Дејан Величков на 14 и 15 јануари земаа учество на  Automotive News World Congress, кој се одржува  во Детроит за време на  NAIAS – најголемиот автомобилски саем во Северна Америка.

На конференцијата присуствуваат високи представници на најголемите автомобилски компании во светот како и директори на глобалните компании за производство на автомобилски делови.  За време на конференцијата свое обраќање имаа  Dan Akerson, главен извршен директор на General Motors како и Mark Fields, главен оперативен директор на Ford Motor Company.

Македонија беше претставена со национален штанд каде високите делегати од корпорациите се информираа за условите и бенефициите за инвестирање на автомобилскиот сектор во Македонија.  Делегацијата од Македонија оствари дирекни средби со извршните директори на повеќе Американски и Европски компании, производители на автомобилски делови со кои се разговара за  потенцијални инвестициски проекти во слободните економски зони во Македонија. Дел од компаниите со кои беа остварени средби најавија испраќање на свои претставници до крајот на првиот квартал од 2014  со цел финализирање на преговорите за изградба на нивни фабрики во Македонија.

Освен Македонија, со свои штандови се претставија и Мексико, Тексас, Лузијана, Вирџинија и Џорџија.