Македонија претставена на самит за производствени компании од Северна Америка

Директорот на Агенцијата за Странски Инвестиции, Висар Фида заедно со Економскиот Промотор во Чикаго Дејан Величков овие денови учествуваат на Северно Американскиот Самит за Производствени Компании во Чикаго, САД.

На овој собир секоја година се среќаваат најголемите производствени компании од Северна Америка за да разменат искуства и најдобри практики за нивните глобални производствени стратегии. На самитот учествуваат повеќе од 400 делегати на највисоко ниво од најголемите глобални производствени компании.

Македонскиот тим оствари средби со повеќе компании со кои однапред имаше договорено состаноци за време на самитот, а со кои  се разговараше околу потенцијалната можност своето производство да го преселат во Македонија. Со  неколку од компаниите преговорите напредуваа во добра насока и наскоро се очекува да ја посетат Македонија со свои тимови за анализа на земјата.