Македонија промовирана на турситичката карта во Данска

данска

Агенцијата за туризам при промоцијата на туристичката понуда на Македонија во Данска се фокусираше на природните убавини на земјава, вклучувајќи ги и спортските активности и гастрономијата, кои беа дополнително промовирани пред публиката од Данска.

02-1-520x293

Претставници на Агенцијата за туризам во соработка со економскиот промотор на Македонија во Данска, Мирјана Наумоска, на саемот во Копенхаген остварија состаноци со Асоцијацијата на Дански тур оператори и тур операторите Викторс Фармор, Албатрос Травел, Атлантис Рејсер како и познатите весници Копенхаген Пост и Борсен. Данска како скандинавско­ нордиска земја е финансиски стабилен пазар кој е во потрага по нови, неоткриени дестинации. ­

– Интересот за Македонија од страна на данските тур­оператори е неверојатно голем, па некои од нив уште во 2017­та ќе ја вклучат нашата земја во нивната понуда, изјави Наумоска.

03-520x301

Како што е наведено во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, данците користат пет до седум недели на одмор во текот на годината, а патуваат три до четири пати годишно, каде во просек трошат по 1.300 евра, со што се вбројуваат во една од нациите кои се најголеми потрошувачи кога е во прашање патувањето.

Преференците на Данците за сонце и спортски активности ја прави Македонија атрактивна дестинација за одмор која може да им понуди уникатни искуства, се додава во соопштението од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.