Македонија промовирана на Winter & Spa туризам во Нови Сад

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 23-ти до 24-ти Октомври 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за Winter & Spa туризам во Нови Сад, Србија 2014 година.

Интернационалната туристичка берза Winter & Spa туризам во Нови Сад годинава додели награди во приватниот сектор, но и награди на државите од регионот и Западен Балкан за нов квалитет во туризмот. Интернационалниот саем бизнис, велнес, спа и зимски туризам во Нови Сад, Србија е во организација на Туристичка призма.

На овој саем Република Македонија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја доби сребрената плакета за нов квалитет во туризмот. Наградата го потврдува успешното промовирање на македонскиот туристички производ и Македонија како нова и атрактивна дестинација на Балканот и пошироко, нудејќи им на светските туристи искуство кое ги спојува различните туристички сегменти од култура и историја до активности во природа. Како и промовирање на Македонија како зимска дестинација, развивање на ски и бањски туризам.

Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник на 17 тото по ред доделување на наградите за нов квалитет во туризмот.

За време на B2B саемот беа беа остварени средби со бројни учесници во туристичкиот промет како и новинари и медиумски куќи со кои се договорија идни активности.