среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 31

Македонија против Белорусија за прва победа на ЕП во Полска

Натпреварот Македонија – Белорусија почнува во 16 часот.

Македонија против Белорусија за прва победа на ЕП во Полска

Македонија против Белорусија за прва победа на ЕП во Полска

Последни вести

Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари и покрај добрите игра на поголемиот дел од натпреварите немаат победа, а имаат два нерешени резултати.

Затоа избраниците на селекторот Ивица Обрван се желни да имаат еден комплетен резултатски успех на овој шампионат.

И покрај повредите Обрван се надева дека утре на располагање ќе има подготвени играчи за дуелот со Белорусија.

Сакаме шампионатот да го завршиме со победа. Белорусија е незгоден противник бидејќи често ја менува одбраната. Ќе треба да бидеме трпеливи и концентрирани сите 60 минути за да стигнеме до триумф, изјави селекторот Обрван на последниот тренинг пред дуелот со Белорусија.

Белорусите најверојатно ќе настапат ослабени, бидејќи неизвесен е настапот на нивниот најдобар играч Сергеј Рутенка, кој се повреди на дуелот со Полска во понеделникот.

Натпреварот Македонија – Белорусија почнува во 16 часот.

Најчитани вести