Македонија прв пат на саем за туризам во Хернинг, Данска

данска

Саемот за туризам во Хернинг е организиран во 13 хали, а туристичката понуда на 1.100 изложувачи е претставена пред 61.885 посетители на саемот. Агенцијата за туризам на овој саем ја промовираше и ја претстави природата и активниот туризам во Македонија со што привлече огромен интерес, а за разлика од многу други земји, скандинавците помал интерес покажаа за македонската историја и култура, соопшти Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Хернинг саем

Во конкуренција од 51 земја која на саемот ја изложија својата понуда, сепотенцира во соопштението, делегацијата на Македонија оствари бројни контакти, меѓу кои и со најголемите тур-оператори за Данска и Скандинавија – Sunweb, Appolo, Detur, Beach Tours, Suntur, TUI Denmark и Bravo Turs. Дел од нив најавија посета на Македонија и вклучување на земјава во нивните продажни туристички каталози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.