Македонија регионален лидер во борба против трговија со луѓе

Македонија регионален лидер во борба против трговија со луѓе
Македонија регионален лидер во борба против трговија со луѓе

Годинешниот Извештај за трговија со луѓе на Стејт Департментот на САД за 2015 година, објавен денеска покажа дека е Македонија е регионален лидер во борба против трговија со луѓе. САД и го честитаа успехот на Македонија што повторно го постигна статусот на земја од прва категорија.

Македонија да остане лидер во борба против трговија со луѓе

Напорите на Владата на Македонија во борбата против овa ужасно злосторство во изминатата година вклучија гонење и пресуди за полициски службеници за вмешаност во трговија со луѓе, иницијатива за идентификување на деца-жртви и нивно пријавување во организации што нудат помош, како и значително зголемување на буџетот за заштита и поддршка за жртвите. Ја охрабруваме Македонија во наредните години да ги зголеми своите напори за борба против трговијата со луѓе за да остане регионален лидер во оваа сфера, и се надеваме на понатамошно партнерство со Македонија за ова, но и за други витални прашања од областа на владеењето на правото, стои во честитката од САД до Република Македонија.

Во извештајот од Стејт департментот стои и дека Владата на Македонија целосно ги исполнува минимум стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе.

Висока оценка Македонија доби и во јуни

Во јуни годинава Македонија исто така беше високо оценета од страна на американскиот Стејт Департмент и беше ставена во групата 1, на држави кои сериозно се справуваат со овој проблем и ги исполнуваат препораките за запирање на трговијата со луѓе.

Стејт департментот тогаш забележа за намалениот број на истраги и пресуди за трговците со луѓе, и препорача Ромите принудени на питачење да се регистрираат како жртви на трговија со луѓе.

Службите работат со полна пареа против овој проблем

Службите во земјава максимално се посветени и со полна пареа работат на проблемот со трговијата на луѓе. Сосема заслужено Македонија е лидер во борба против трговија со луѓе во регионот. Имено, во последно време европските, па и останатите земји во светот се почесто се соочуваат со овој вид криминал.

Особено трговијата со луѓе ја достигна кулминацијата со напливот на мигранти кои пристигнуваат од арапските земји.

Криумчарењето на мигранти беше навистина огромен проблем, кој Македонија успеа да го стави под контрола.

Кривична за политичар, фудбалер и полицајци кои криумчареле мигранти

Во борбата против трговијата во Македонија кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ беше поднесена против голем број лица кои за паричен надомест илегално пренесувале мигранти, меѓу кои фудбалер, политичар, па и полициски службеници кои сакале да заработат врз маката на мигрантите.

 

 

Во февруари годинава и ОБСЕ ги поздрави напорите на Македонија во борбата против трговијата со луѓе.