Македонија ремизираше кај Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија со храбра игра во петокот вечерта во Торино успеа да ремизира на гостувањето кај Италија (1:1) во средбата од 9-то коло од европските вкалификации за пласманот на свеското првенство кои следната 2018 година ќе се одгра во Русија.

По мечот во Скопје, кога Италија среќно во финишто славеше со 3:2, македонските играчи на гости под водство на селекторот Игор Ангеловски игра дисциплинирано и беа рамноправни со големиот противник.

Само кон крајот на првото полувреме попушти концентрацијатата во одбраната кога Џорџо Кјелини во 40 минута ја доведе Италија во водство од 1:0. Дотогаш аѕурите имаа само една прилика на Инсиње, но Димитриевски со одлична одбрана го спаси македонскиот гол.

Капитенот Горан Пандев во 17 минута си создаде одлична позиција и упати удар кон голот на домашната репрезентација, но Џиџи Буфон беше на место.

Во вториот дел Македонија заигра многу поофанзивно и имаше неколку прилики за гол. А во 77 минута Пандев одлично асистираше до Александар Трајковски кој од косо упати силен удар и го совлада Буфон.