Спорт

Македонија се гордее со своите кик-боксери

Македонија се гордее со своите кик-боксери

Македонските кик боксери постигнаа голем успех на “Балкан Опен” во Тешањ, БиХ.

Освоени се 21 медал, пехар за најдобра женска натпреварувачка во лоу кик, како и пехар за најдобар тим за лоу кик.

На Европскиот куп “Балкан Опен” кој се одржа во босанскиот град Тешањ, учество земаа 379 кик боксери од 15 земји, а Македонската кик бокс федерација и Македонија се побогати за 21 медал .

Пехарите за најдобра натпреварувачка во лоу кик Кристина Стојчевска -56 кг и пехарот за најдобар тим во лоу кик само го потврдија квалитетот. Освоени се вкупно 5 златни, 8 сребрени и 8 бронзени медали.

Златни медали:

-Марија Божиновска +70кг кик лајт

-Војдан Кардалев -94кг кик лајт

-Димитар Ѓорѓиев -79кг кик лајт

-Бобан Илиовски -71кг лоу кик

-Кристина Стојчевска -56кг лоу кик

Сребрени медали:

-Вчков Филип-69кг кик лајт

-Ризов Филип -52кг кик лајт

-Бобан Несторовски -84кг кик лајт и лајт контакт

-Филип Митревски +94кг лајтконтакт

-Хадис Рамадани -67кг лоу кик

-Стефани Тодорова -70кг кик лајт

-Марија Божиновска +70кг лајт контакт

Бронзени медали:

–Војдан Кардалев -94кг лајт контакт

-Денис Муаремовски -63кг лоу кик

-Павел Стојчевски -32кг поинт фајт

-НенадМанојловски -69кг кик лајт

-Бајром рамадани -69кг кик лајт

-Азрет Зекири -69кг кик лајт