Македонија се намачи со Грција

Македонската ракометна репрезентација ја совладаГрција со 27:25 (13:12) во првиот бараж натпревар на  гости во Атина,  за пласман на Светското првенство воКатар, нареднатагодина. Избраниците на селекторот Ивица Обрван, одиграа послабо од очекуваното, а доказ за тоа е што до победата стигнаа во последните две минути од натпреварот.

Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот КиреЛазаров со седум голови, Манасков постигна шест, додека голманот Ристовски блескаше на голот со 16 интервенции. Кај домаќините најмногу се истакна Маронго со четири голови , а голманот натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Реваншот се игра за осум дена во Скопје со почеток во 20 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.