Македонија се “забетонира” над “стотката” на ФИФА ранкингот

Репрезентациите на Етиопија и Бахреин се последните од редот на држави кои се пред нас на ФИФА ранкингот, а поради што секако би требало да бидеме помалку засрамени.

Нашата репрезентација падна за три места во однос на јануарската ФИФА листа, па така Македонија во моментов се наоѓа на 104-то место со 320 бода.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2016, Белорусија е на 101-то место, додека Луксембург е на 129-та позиција. Најдоброрангирана е Шпанија, која назадуваше за една позиција, па сега е на 10-то место, Словачка е на 22-то место а Украина на 27-та позиција.

Нема промени на водечките пет позиции – прва е Германија, пред Аргентина, Колумбија, Белгија и Холандија.