Македонија се збогати со уште еден свет храм

Свечен собир  по повод осветување на Храмот Света Троица се одржа вчера во село Петралица, општина Ранковце. На собирот присуствуваа над 5000 луѓе, а меѓу нив, градоначалниците на Општините Крива Паланка и Ранковце, претставници на државни институции, бројни бизнис авторитети и други еминентни личности од сите краишта на Македонија.

hram1

hram3

Чинот на осветување  го извршиja Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Кумановско – Осоговски г. Јосиф и Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф.

ktito

Ктитори на Храмот Света Троица во село Петралица се семејствата Каранфиловски и Јакимовски, со потекло од Петралица, кои за неполна година со лични средства, љубов, верба и силна посветеност, ја завршија изградбата на Храмот кој го посветија на Пресвета Троица. Темелите на Храмот се поставени на 24ти јуни 2014та за што сведочи парче од гранитна карпа на која се впишани двата датума кои го бележат градењето. Меѓу Храмот и камбанаријата се уште стои камениот  крст – ранохристијански споменик поставен од дамнешни времиња, по кој оваа месност се нарекува Кутлев крст.  Храмот е живописан со фрески насликани од академски сликар од Куманово, а по углед на фреските сликани од византиските мајстори Михајло и Ефтихие.

1111111

Ктиторите со нас споделија дека Храмот Света Троица го изградија во слава на претците, како дарение за идните поколенија и со цел во селото Петралица кое е по територија најголемо село во Македонија, да се врати радоста, венчавките, крштевањата… Желбата на ктиторите е овој Храм, покрај за молитвење на Бога,  да биде никулец за враќање на животот во Петралица.

hram2

По патот кон Храмот Света Троица, непрекината река народ се слеваше од раните утрински часови, се до високото пладне и официјалниот почеток, а не прекина да стивнува интересот и во свежините на квечерината. Ктиторите на Храмот, се погрижија и за високото ниво на организација и понудија богата програма која пред чинот на осветувањето ја отвори Хорот Света Злата Мегленска и актерот Владо Јовановски, а по завршувањето на светиот чин, со поканата за сенародна веселба и отворањето на богатата трпеза, се разлеваше кавалот на Стефче Стојковски кој настапи со Етно групата Тоска од Куманово, ечеа зурли и тапани на играорното друштво – 8ми Октомври од Крива Паланка, а забавата до вечерните часови ја носеше музичка група Рустикана.

На лицата на присутните беше евидентна искрената насмевка, а сите како да споделуваа иста потреба од што почесто доаѓање во новиот Свет Храм. Како сите со радост и нетрпение да очекувале, токму тука да изникне христијански Храм и токму ваков, идеално вклоплив во околината и гордо застанат на еднинствената карпа. Дури и природата како да го беше порачала, па заклучокот на сите е дека како да бил отсекогаш тука. Очигледно беше дека и луѓето и природата го очекуваа Храмот, кој стана реалност благодарение на семејна сплотеност и силна посветеност на роднокрајци. Луѓето им честитаа на Ктиторите и искрено се заблогорадуваа.

hra4

Легендите велат дека ранохристијанскиот споменик – камениот крст е поставен од дамнешни времиња, на место избрано од Светиот дух, како високо енергетско место, кое сонце го грее од изгрев до заоѓање и место со енергија во поширока смисла на зборот. На денот на осветување на Храмот,  енергијата ја создаваа и споделуваа илијадници луѓе, сите со насмевка, сите со желба да изразат поддршка на идеата и напорите да се создаде Свет Храм на карпа, за да се негува и слави христијанската вера, човекољибието, духовните вредности, сплотеноста, за да се вратат зраците на жива светлина врз пејзажот на меките околни ридови.

hram

Со ова нашата земја, една од ретките во светот која изобилува со голем број верски Храмови, која блеска со духовност и вера, докажува дека има народ кој е посветен на својата вера, кој гради и твори духовни вредности за да се одолее на искушенијата на новото време и да се зачуваат вистинските вредности на живеењето во слава на претците, а во име на идините поколенија, верата, достоинството и негување на човекољубието.

hraaaam

Портите на Храмот посветен на Пресвета Троица, во село Петралица, се веќе отворени за сите кои верници кои тука ќе најдат духовен мир и сплотеност, како и за сите кои сакаат да понесат во себе дел од енергијата, да бидат дел од спокојот и убавината. Ктиторите – смејствата Каранфиловски и Јакимовски планираат уште во тек на ова година да започнат со изградба на конаци што ќе допринесе за заживување на Манастир.

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.