сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Македонија се здоби со шест нови златни прачки

Народната банка ја зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија преку постапка на претопување на пригодни ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети во монетарно злато.

132616288

Поврзани вести

Од НБРМ информираат дека се зголеми количината на монетарно злато во девизните резерви на Република Македонија за 2.288 унци, односно од 218.875 унци се искачи на 221.163 унци злато.

Како што се наведува во соопштението, Народната банка се стекна со нови 6 прачки на монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, кое во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни метали во Лондон.

– Оваа постапка се реализира согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за претворање на пригодните ковани пари во монетарно злато и согласно измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, според кои на Народната банка и беа отстапени дефинитивно одземени златни предмети од Агенцијата за управување со одземен имот, појаснуваат од Народната банка.

Пригодните ковани пари и дефинитивно одземени златни предмети биле испратени на постапка на претопување во швајцарска топилница, по што функционално се претворени во монетарно злато и се вклучени во девизните резерви на Република Македонија.

Најчитани вести