Македонија седми пат дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Над седум илјади градови низ 170 држави ширум светот ќе потонат во мрак на 19.март, кога во 20:30 часот по локално време ќе се одржи „Часот на планетата Земја“.

Според иницијаторот на акцијата во Македонија и претседателот на Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата земја“ Ѓорги Селков, годинава мото на акцијата е „Заблескај светлина на климатски промени“.

Три минутното видео во кое главна музичка тема е интернационалниот хит „The Nights” на Avicii ја прикажува моќта која секој од нас ја има за да ги промени климатските промени.

Поради актуелноста и успешноста на акцијата минатата година во Македонија, глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето на скопската тврдина Кале во рекламата која ја гледа целиот свет, а истото можете да го видите во 1:10 минута од видеото.

Исто така, во видеото можете да видите и неколку инсерти од минатогодишното одбележувањето на Часот на планетата Земја на улица Македонија (1:25 и 1:35 минута), децата од интернационалната британска градинка во Македонија (2:31 минута), како и учениците од средното училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес (2:42 минута).

„Часот на планетата Земја“ е глобално еколошко движење креирано од WWF, а поддржано од Обединето нации. Тоа претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силнапорака за спас на планетата. Македонија во акцијата годинава ќе се вклучи по седми пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.