Македонија со Франција, Чешка и Швајцарија во квалификациите за ЕП 2016

Македонската ракометна репрезентација немаше многу среќа при ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2016 во Полска . Црвено – жолтите ќе играат во шестата квалификациска група со селекциите на Франција, Чешка и Швајцарија.

Првопласираните две репрезентации од сите седум групи и најдобрата третопласирана селекција ќе се пласираат на првенството во Полска 15 – 31 јануари 2016 година.

ГРУПА 1: Хрватска, Норвешка, Холандија, Турција
ГРУПА 2: Данска, Белорусија, Литванија, БИХ
ГРУПА 3: Словенија, Шведска, Словачка, Латвија
ГРУПА 4: Србија, Исланд, Црна Гора, Израел
ГРУПА 5: Унгарија, Русија, Португалија, Украина
ГРУПА 6: Франција, Македонија, Чешка, Швајцарија
ГРУПА 7: Шпанија, Германија, Австриаја, Финска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.