Македонија со највисок економски раст од земјите во Југоисточна и Централна Европа

Според последните извештаи на двете најреномирани финансиски институции, Светска банка и ЕБРД, Македонија има најдобра економија во Југоисточна и Централна Европа, со стапка на раст од 3,8 отсто и најдобра перспектива за раст за оваа година.

При стартот на презентацијата на резултатите на овие две банки, министерот за финансии, Зоран Ставрески, посочи дека конкретните бројки ќе разграничат што е лага а што вистина,  и кој од тие што зборуват за економијата бил во право.

„Во поларизираната политичка атмосфета во Р. Македонија, чето пати се случува за теми за кои во суштина не треба да има несогласувања, бидејќи се работи за прашања дефинирани со бројки и податоци, има спротивставени мислења. Чудно е што никогаш нема рекапитулар на тоа откако ќе се завршат годините, кој имал право и зборувал со аргументи, а кој не, туку од дневно политички причини се презентираат некои работи“, истакна Ставрески.

Доколку се земе како пример, земјте од соседството се на самиот крај на листата. Црна гора има раст од 1,3 отсто, БиХ со  0,9 отсто, а Србија и Хрватска се во негатива.

Според проекциите на ЕБРД за 2015 година, Македонија е на првото место со 3,5 процентен раст на економијата. За 2104 година оваа банка имаше проекција дека растот ќе биде 3 отсто.

И според Светска банка, Македонија има најдобар економски раст од сите земји кои се опфатени во извештајот, а исто така земјава е надобро позиционирана да оствари највисок економски раст оваа година, споредбено со земјите во Југоисточна и Централна Европа.

Остварениот резултат во 2014 и изминатите години, според министерот Ставрески, не се случајни, особено кога евроската економија има низок рас и криза во повеќе земји. Причините за тоа се добрите  политики и мерки  што ги реализира Владата, а кои пак може да се издвојат во три сегменти

„Резултатите се должат на капиталните инвестици кои овозможуваат реализација на крупни инфраструктурни проекти, преку кои пак се ангажираат домашни градежни фирми и индустрија. Како резултат на почетокот на изградба на автопати, пругата кон Бугарија, голем број регионални патишта, реконструкција на училишта и болници, македонското градежништво и индустрија остваруваат континуирано добри резултати. Втора мерка е привлекувањето на странските инвестииии за која бевме критикув и омаловажувани. Третата мерка се евтините кредитни линии за фирмите“, посочи  Ставрески.

Тој очекува интензивирање на растот и следните години бидејќи во план се уште неколку големи инфраструктурни проекти.