Македонија со највисоки оценки од Стејт департментот за стандардите во справувањето со трговијата со луѓе

“Како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин на Република Македонија, ми причинува огромна чест и задоволство да соопштам дека земјава, според најновиот Извештај на Стејт Департментот повторно и во 2013 година, исто како и за 2012, 2011, 2009 и 2008 година е рангирана во групата ТИЕР 1 – држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе“, Ова, меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на денешната заедничка прес конференција со амбасадорот на САД во РМ Пол Волер а по повод објавувањето на глобалниот Извештај на американскиот Стејт Департмент за состојбите со трговијата со луѓе за 2013 година.

Министерката Јанкулоска истакна дека ваквото рангирање претставува верификација на уште едно значајно постигнување на нашата земја и јасна потврда за нашиот континуиран ангажман и посветеност во справувањето со овој облик на организиран криминал.

Од своја страна пак амбасадорот Волерс пофалувајќи ја Република Македонија како лидер во регионот во однос на борбата против недозволената трговија со луѓе нагласи дека нашата земја се етаблирала како докажан партнер заблагодарувајќи се притоа за напорите и реформите што се превземаат во оваа област. Тој исто така потенцираше дека е голем успех што веќе четврта година по ред Република Македонија е единствена во регионот што го добива  статус на земја од групата ТИЕР 1 – држави што целосно ги исполнуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе.

„Како Министер за внатрешни работи, но и како граѓанин на Република Македонија, ми причинува огромна чест и задоволство да соопштам дека земјава, според најновиот Извештај на Стејт Департментот повторно и во 2013 година, исто како и за 2012, 2011, 2009 и 2008 година е рангирана во групата ТИЕР 1 – држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе.

Ваквото рангирање претставува верификација на уште едно значајно постигнување на нашата земја и јасна потврда за нашиот континуиран ангажман и посветеност во справувањето со овој облик на организиран криминал.

Иако во текот на изминатата година е намален бројот на случаи на трговија со луѓе, за нас е особено голема сатисфакција фактот што во извештајот се нотира дека “Владата наметнала доволно строги санкции за осудените престапници, идентификувала повеќе жртви на трговијата со луѓе и усвоила буџет за имплементација на националниот план“.

Значи Македонија во 14-тиот глобален Извештај во кој се опфатени 187 држави во светот и овојпат е во друштво со 31 земја кои се категоризирана во првата, односно во групата ТИЕР 1 – земји што целосно ги исполнуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе заедно со САД, Велика Британија, Австралија, Австрија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Италија… Притоа, морам да истакнам дека ние заедно со Словенија сме единствените земји во ТИЕР 1 групата од поширокиот балкански регион, односно единствена држава од земјите кандидати за членство која неколку години по ред е рангирана рамо до рамо со најразвиените западни држави. За разлика од нас на пример Хрватска, Романија, Грција и Бугарија кои се членки на ЕУ се во втората група на држави, односно ТИЕР 2 – земји кои нецелосно ги исполнуваат минималните стандарди во борбата против трговијата со луѓе.

Во секој случај, без никаква претенциозност, сакам да кажам дека воопшто не е случајна и незаслужена оценката на Стејт Департментот за нашата ефективност и ефикасност во борбата против трговијата со луѓе. Во извештајот се забележува дека минатата година биле осудени шест лица заради трговија со деца, а судовите им изрекле казни во висина од 4 до 10 години. Исто така судовите им одредиле и финансиска компензација на 4 жртви од лицата кои тргувале со нив во висина од околу 10 000 долари. Нотирани се и двете иницирани истраги со француските и швајцарските власти, како и кривичниот прогон на еден полициски службеник за криумчарење мигранти со елементи на трговија со луѓе.

За нас од посебно значење е тоа што се забележани и системските напори кои ги вложува Владата. Обуката на 50 полициски службеници во конкретната област и идентификувањето и згрижувањето на поголем број на жртви на трговија со луѓе согласно меѓународните стандарди. Исто така се подвлекува и финансиската помош од по 7 000 долари за невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика како и средствата во висина од 112 000 долари наменети исклучиво за заштита на жртвите и нивна помош.

Зголемувањето на напорите во борба против трговијата со луѓе беше дел од изборната програма и останува еден од нашите приоритети и во наредниот период. Предвидовме низа проекти за воведување на нови алатки како воспоставување на централизирана интерна база на податоци, изготвување на нови стандардни оперативни процедури и воведување на таканаречено Црвено копче.

Секако дека ќе бидат адресирани и забелешките во овој извештај со особен акцент на препораките за енергичен прогон на осомничените, соодветен третман на жртвите на трговија со луѓе, но и проактивниот пристап, превенцијата и помошта на ризичните групи.“, изјави министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска.