Македонија со пад од две места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација падна две места на најновата ранг листа што денеска ја објави на Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.

„Црвено-жолтите“ на неполн месец пред почетокот на новиот квалификациски циклус се на 76. место со 407 бодови.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за ЕП 2016, најдобро пласирана е Шпанија – 7. место, Украина е на 22. позиција, Словачка е на 45. место, Белорусија на 88. место и Луксембург на 109. позиција.

Прва на листата ТОП 10 е Германија, пред Аргентина и Холандија, а по нив следуваат Колумбија, Белгија, Уругвај, Шпанија, Бразил, Швајцарија и Франција.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 18 септември.

МИА